Connect with us

Фудбал

ФОТО: Енис Барди во тимот на колото во Шпанија

Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди се најде во идеалниот тим на колото во шпанската Ла Лига, откако вчера го предводеше својот Леванте до бод на домашен терен против актуелниот шампион Атлетико Мадрид.

Барди беше двоен стрелец во ремито од 2-2, биејќи прецизно од белата точка во 37. и 90. минута.

За македонскиот репрезентативец ова беа првите голови во новата сезона во која поради повреда пропушти шест прволигашки натпревари.