Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Манчестер Сити го „нокаутираше“ Манчестер Јунајтед

Јунајтед во последно време барем малку успеа да се врати во живот. По тешкиот пораз од Ливерпул на „Олд Трафорд“, следеше победа на тешкото гостување кај Тотенхем, потоа бод во Бергамо во Лигата на шампионите против Аталанта, а денеска нов пораз.

„Црвените ѓаволи“ беа целосно немоќни против Сити, кој по сите параметри беше подобар и заслужено славеше, а среќа на домашните е што Де Хеа беше на голот бидејќи Шпанецот со чудесни одбрани спречи потежок пораз на својот тим.

Во седмата минута Ерик Бејли си постигна автогол по едно од многуте додавања од левата страна на нападот на Сити. На крајот од првиот дел на одличниот центаршут на Кансело, топката среќно поминува и доаѓа до Бернардо Силва кој е сигурен за 2:0.

Оле Гунар Солскјер направи некои промени, но неговиот тим и понатаму беше немоќен. Сити намерно го „уби“ натпреварот смирувајќи ја играта и рутински го доведе до крај мечот.

Сити беше блиску до трет гол во 81. минута, но Фоден ја погоди стативата иако изгледаше дека топката ќе влезе во мрежата. Инаку, овој меч го пропуштија Погба и Варан од една и Лапорта, Торес и Менди од друга страна.

Сити се најде на второто место со 23 бода, а лидерот Челзи има два бода повеќе и натпревар помалку, бидејќи подоцна ќе му гостува на Барнли. Јунајтед останува петти со 17 бодови.