Фудбал
Каков малер за Македонија, Јаховиќ се повреди, дали ќе го нема против Ерменија и Исланд?!
Проблеми за селекторот Благоја Милевски во пресрет на двата многу важни квалификациски меча за пласман на СП против Ерменија и Исланд овој месец. Имено, утре почнува репрезентативната пауза, треба да биде и првиот собир на репрезентативците, но стигна лоша вест од Турција.
Македонскиот напаѓач Адис Јаховиќ се повреди, па неговиот настап на овие два квалификациски меча е под знак прашалнил.
Голгетерот одигра само 16 минути на дуелот против Коњаспорт и мораше да го напушти теренот поради повреда.
Медицинските прегледи ќе покажат дали Јаховиќ има сериозна повреда или не, па ќе може да и помогне на Македонија во клучните натпревари.