Фудбал
ВИДЕО: Конте дебитираше на клупата на Тотенхем со една голема „нула“, не шутнаа на голот на противникот
Антонио Конте и официјално дебитираше на клупата на Тотенхем, иако го подготвуваше тимот уште на мечот со Витезе (3:2) во Конференциската лига на УЕФА. Сепак, денеска против Евертон седеше на клупата, а мечот заврши без голови 0:0.

Дека, Конте не успеа ништо посебно да донесе во Тотенхем говори и статистиката на денешниот меч. Имено, неговите избраници немаа ниту еден шут во рамките на голот на домаќинот. Имаа вкупно осум удари, но ниту еден не беше во рамките од голот. Останува да се види дали Конте ќе успее да го крене Тотенхем кој во моментов е на 9-та позиција со 16 бодови и нема победа три меча во низа во Премиер лигата.