Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Каков луд меч во Шпанија, Валенсија со два гола во судиско продолжение му приреди шок на Атлетико Мадрид

Неверојатен меч одиграа Валенсија и Атлетико Мадирд кој заврши без победник 3:3. Поведоа гостите со голот на Суарез во 35.минута, а Савиќ со автогол во 50-та го израмни резултатот на 1:1. Следуваа два брзи гола на „Јорганџиите“ во 58-ма преку Гризман и 62-ра преку Врсалјко. Овој резултат беше актуелен се до судиското продолжение, а навивачите на стадионот, па и оние покрај малите екрани кога помислија дека победникот е решен, следуваше пок.
Дуро со два гола, во 92-ра и 96-та го шокираше Атлетико Мадрид и ги постави конечните 3:3, со што воедно од речиси сигурен пораз, на Валенсија и донесе бод од овој меч.