Connect with us

Фудбал

Дали Чави ќе го враќа во Барселона најтрофејниот фудбалер?!

Вчера, новиот тренер на Барселона, Чави го одработе првиот тренинг, наводно отпишал неколкумина. Но, со оглед на тоа дека Барса има финансиски проблеми, дел од каталонските медиуми најавуваат дека би можело да има изненадувачко враќање на Дани Алвеш во тимот. Како што е познато, тој во моментов е слободен играч,  а Лапорта на промоцијата на Чави изјави дека Алвеш се понудил да помогне, ако е потребен и дека парите не се проблем.

Алвеш и Чави своевремено заедно играа во Барселона, во оној состав кој практично беше непобедлив и освои се што можеше да се освои. Алвеш воедно е најтрофејниот фудбалер во светот, бидејќи во секој клуб во кој што играл освоил трофеј.