Connect with us

Фудбал

Чолаковски: Благодарејќи на Македонија играв против играчи од Реал Мадрид (ВИДЕО)

Стефан Чолаковски од Мелбурн Сити, летово дебитираше за селекцијата на Македонија. Поточно, во младата селекција, кај селекторот Канатларовски. Поради пандемијата и протоколите тој не е повторно со нашата селекција, но за интернет сајтот на неговиот тим раскажуваше како е да се игра за Македонија. Како што вели, благодарејќи на дебитанскиот настап за македонската селекција имал можност да игра против Камавинга, кој настапува за Реал Мадрид.

-Секако дека е прекрасно чувството да се настапува за Македонија. Одсекогаш имав желба за такво нешто. Настапив против Франција  една од најголемите фудбалски светски сили,  каде што да речеме настапи Камавинга, играчот кој е дел од Реал Мадрид, изјави меѓудругото Чолаковски за сајтот на Мелбурн Сити.