Connect with us

Фудбал

Милевски пред мечот со Ерменија: Очекувам отворен меч, поразличен од оној во Скопје

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација на прес конференцијата во Ереван, пред утрешнот меч со Ерменија изјави дека ова е пресметка на две селекции кои имаат подеднакви шанси за второто место. За потсетување дека Македонија и Ерменија имаат по 12, додека Романија има 13 бодови и овие три селекции ќе се борат за второто место, бидејќи Германија веќе обезбеди пласман на СП освојувајќи го првото место.

-Македонија и Ерменија имаат еднакви шанси за тоа второ место и двете екипи ќе атакуваат на победа, па мислам дека ќе гледаме добар меч, можеби поразличен од тој во Скопје, кој мина во целосна наша доминација. Но, јас очекувам поинаков, отворен од двете страни, зашто и на двете екипи им треба победа, вели македонскиот селектор, а притоа додава:

-И двете селекции добро се познаваат, се работи за две селекции со тимски и индивидуален квалитет, па моменталната инспирација и мотивација на двете селекции е на завидно ниво, така да поголемата концентрација ќе го реши мечот, изјави Милевски на еден ден пред пресметката со Ерменија во Ереван.

Дуелот се игра утре со почеток во 17:00 часот.