Фудбал
ОФИЦИЈАЛНО: Стивен Џерард по шест години се врати во Премиер лигата, седна на клупата на англиски тим
Стивен Џерард се врати во англискиот фудбал по шест години. Првпат во кариерата тој ќе го има својот матичен клуб Ливерпул за противник откако денеска беше назначен за нов тренер на Астон вила.
Џерард одлучи да го напушти Ренџерс по три години, во кои му ја донесе првата шампионска титула по цела деценија пауза и потпиша три и полгодишен договор со Астон вила, која лошо ја почна сезоната. Неговиот претходник Дин Смит доби отказ во неделата по петтиот пораз во низа, оставајќи го клубот на 16. место.