Фудбал
Исланд “одигра” за Македонија, сега баражот за Светското првенство зависи од нашите момци
Две прекрасни вести вечерва на фудбалски план. Македонија ја растури Ерменија на гостински терен со 5:0, а неколку часа подоцна Романија одигра 0:0 против Исланд. Сега Македонија е втора на табелата со 15 бодови, еден повеќе од Романија. За освојување на второто место и пласман во баражот за Светско првенство зависи од нашите момци. Македонија на 14-ти овој месец на домашен терен игра против Исланд со почеток во 18 часот, а во истиот термин истиот ден Романија гостува на Лихтенштајн. Нашите момци со победа против Исланд треба да го заверат второто место, бидејќи Романија е голем фаворит со Лихтенштајн и се освен нивна победа ќе се смета за чудо. Но, она што е битно е Македонија сега сама си одлучува за баражот, па потребна е победа против Исланд за да не се занимаваме со никакви други математики.