Connect with us

Фудбал

Костадинов: Овој тим веруваше во себе, се надевам дека публиката во недела ќе биде со нас (ВИДЕО)

Во недела не очекува клучен меч. Треба победа против Исланд, а потоа воопшто да не се замараме каков ќе биде резултатот на мечот Лихтенштајн-Романија, каде Романците секако се големи фаворити. Тихо Костадинов вели дека овој тим верувал во своите можности и способности дека може сами да одлучуваат за судбината во квалификациите.

-Овој тим веруваше до крај дека може да се доведеме во ситуација сами да решаваме за својата судбина во квалификациите за СП 2022. Не треба еуфорично да гледаме на овој момент, ни треба „ладна глава“ и целосен фокус на натпреварот. Се надевам дека публиката ќе биде со нас на вистински начин, вели Костадинов.