Фудбал
Баерн Минхен казни фудбалер со речиси 800.000 евра бидејќи одбива да се вакцинира
Фудбалерот на Баерн Минхен, Џошуа Кимих одбива да се вакцинира, а по враќањето од репрезентативната пауза неговиот тест се покажал како позитивен, поради што мораше да оди во карантин.
Поради тоа Баерн Минхен одлучи да го казни со две месечни негови плати, односно 768.000 евра.
Инаку, на почетокот од пандемијата кога имаше карантин во цела Германија, токму Кимих заедно со соиграчот Горецка организираа хуманитарна акција за помош на оние кои се во карантин, а се најзагрозени финансиски и со храна.