Фудбал
Поранешен играч на Реал Мадрид за Меси: Срамота, се шета на теренот (ВИДЕО)
ПСЖ синоќа загуби од Манчестер Сити со 2:1, а Меси повторно е мета на критики. Меси го критикуваат поради недоволната посветеност во текот на мечот.
Имено, на сите им е познато дека ПСЖ и покрај тоа што е втор во групата, зад Сити, е еден од главните кандидати за освојување на Лигата на шампионите.
Mesi se šeta terenom.. pic.twitter.com/xQPEDFnwWb
— sportsscandals (@sportsscandals1) November 25, 2021
Легендарниот холандски фудбалер Рафаел Ван дер Варт е прилично лут поради пристапот на Меси кон натпреварот.
– Тоа навистина ме нервира. Се работи за желба. Меси на теренот изгледа слаб ако не постигне гол или асистенција. Лошо го одигра овој мел. Кога го гледате Роналдо, тој се мачи и сака да го подигне својот тим на повисоко ниво. Меси се шета на теренот и се прашувам дали не се срами? Почнувам да се нервирам поради тоа – рече Ван дер Варт.