Фудбал
ФОТО: Се огласи и Роберто Манчини откако Италија ја доби Македонија за противник
Во својот прв историски бараж натпревар за пласман на СП, Македонија ќе игра против Италија. Победникот од овој дуел ќе игра финална бараж пресметка со победникот од мечот Португалија-Турција.
Откако стана јасно дека Италија за противник ја доби Македонија, се огласи селекторот на “Аѕурите” Роберто Манчини.

-Секогаш сме се надеваме и сме позитивни. Македонија имаше одлични квалификации во групата. Ќе биде ова добар меч, но на крајот ќе видиме што ќе биде, изјави Манчини.
Мечот ќе се одигра во Италија во март следната година.