Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Неверојатен меч Белиненсес-Бенфика, примија 7 гола во едно полувреме, останаа без доволен број играчи, мечот беше прекинат

Поради голем број заразени фудбалери со коронавирус, Белененсес го почна натпреварот со само девет фудбалери. И покрај таквиот факт, од португалската лига одбиле да го одложат натпреварот, а тоа Бенфика безмилосно го казни со седум голови во првото полувреме.

На полувреме двајца од играчите веќе не можеа да продолжат, па беа повлечени, а по само две минути во вториот дел се повреди и голманот кој играше како десен бек, Жоао Монтеиро, по што натпреварот беше прекинат затоа што домашниот тим остана само со шест играчи на теренот.