Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Кристијано Роналдо по мечот со Челзи одби да се поздрави со Мајкл Карик

Манчестер Јунајтед одигра 1:1 на гостувањето кај Челзи, а дури и водеа со 1:0 со голот на Санчо. Сепак, во 67-ма минута Жоржињо од пенал израмни и ги постави конечните 1:1. Мајкл Карик, кој привремено го водеше Јунајтед од клупата (од денеска Ралф Рагник е нов тренер) мечот го почна без Роналдо во стартниот состав. Веројатно ова на Португалецот не му се допадна, па по натпреварот одби да се поздрави со него.