Connect with us

Фудбал

Снег падна во Битола, вечното дерби Пелистер-Вардар одложено

Поради лошите временски и теренски услови, денеска нема да се одигра мечот од четвртфиналето во Купот на Македонија помеѓу Пелистер и Вардар. Нов термин дополнително ќе биде објавен.

Ова е втор пат да се одложува оваа пресметка, бидејќи првиот пат не се одигра поради автобуската несреќа во Бугарија минатата недела во која загинаа 45 наши сограѓани.

Денеска ќе се одиграат средбите меѓу Македонија ЃП-Шкупи, Шкендија-Струга Трим Љум и Силекс-Брегалница.