Фудбал
Македонија ЃП, Силекс и Струга во полуфиналето на Купот на Македонија, се чека уште подобриот од вечното дерби Пелистер-Вардар
Во фудбалскиот Куп на Македонија попладнево беа одиграни три од четирите предвидени дуели во четвртфиналната рунда, додека средбата меѓу Пелистер и Вардар беше одложена.
Пеналите ги решија трите патници во полуфиналето на Купот на Македонија, во кое ќе играат Силекс, Македонија ЃП и Струга ТЛ.
Бранителот на титулата Силекс беше подобар од штипска Брегалница со 6-5 на пенали откако по 90-те минути резултатот беше нерешен 1-1.
На другите две средби немаше голови во регуларно тек од мечот, а по пенал сериите Македонија ЃП го елиминира Шкупи совладувајќи го со 4-1, додека Струга ТЛ на гости во тетово беше подобра од Шкеднија со 4-3.
Дуелот меѓу Пелистер и Вардар е одложен за 15 демеври, бидејќи по синоќешните врнежи на снег во Битола, на теренот под Тумбекафе немаше услови да се игра.