Фудбал
Роналдо мора да дојде во Торино на сослушување, имал таен финансиски документ со Јувентус?!
Пред неколку дена истражителите без најава дојдоа во просториите на Јувентус за да извршат претрес, а шест лица од овој клуб се осомничени за фалсификување податоци во финансиските извештаи.
Тука спаѓаат претседателот Андреа Ањели, потпретседателот Павел Недвед, поранешниот спортски менаџер Фабио Паратичи (сега Тотенхем) и уште тројца други во комерцијалниот сектор: актуелниот главен корпоративен и финансиски директор Стефано Серато, поранешен главен корпоративен и финансиски директор Стефано Бертола и поранешен менаџер за финансии Марко Ре.
CR7, la scrittura privata resta un mistero. I Pm pronti a chiamare Ronaldo https://t.co/2L38BEtKZX
— La Gazzetta dello Sport (@Gazzetta_it) December 1, 2021
Тие се осомничени дека фалсификувале документи за капиталните добивки прикажани во претходните три сезони, а со тоа се обиделе да перат пари во износ од 50 милиони евра.
Сепак, La Gazzetta dello Sport денеска објави дека ова не е единствениот случај за кој Јувентус е во центарот на вниманието. Имено, истражителите ги разгледуваат документите поради Кристијано Роналдо, и бараат таен документ кој наводно клубот го има со Португалецот.
Имено, утрово беше објавено дека постои таен документ помеѓу Јувентус и Роналдо, но тоа се уште никој не го потврди. Наводно, Роналдо имал договор со челниците на Јувентус за парите што треба да му бидат исплатени, а од кои наводно се откажал за време на кризата предизвикана од пандемијата.
Минатата година беше објавено дека многу играчи на Јувентус решиле да се откажат од платите за март, април, мај и јуни 2020 година за да му помогнат на клубот за време на пандемијата на коронавирус, но се чини дека тоа не е баш така.
Имено, истражителите открија дека Јувентус уплатил одредени суми на сметката на Роналдо по неговото заминување во Манчестер Јунајтед, а потоа се шпекулираше за таен документ.
Наводно, во тој документ Роналдо и Јувентус се договориле да му ги исплатат тие плати, од кои очигледно не се откажал како што покажал клубот.
„Газета дело спорт“ наведува дека истражителите го повикале Роналдо на сослушување во Торино за да се обидат да ја дознаат вистината, а се очекува Португалецот да дојде во Италија во наредните недели.