Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Реал Мадрид има вистинска ѕверка, уште од времето на Роналдињо никој вака не ги понижувал противниците

Реал Мадрид синоќа го совлада Атлетик Билбао со 1:0 со голот на Карим Бензема.

Сепак, иако не постигна гол, ниту асистираше, уште еден неверојатен натпревар одигра младиот бразилски фудбалер Винисиус Жуниор.

21-годишниот фудбалер оваа сезона целосно експлодира, а на мечот против Атлетик Билбао уште еднаш покажа за каков фудбалски велемајстор се работи.

Винисиус со потези со и без топка буквално ги понижуваше противниците кои немаа вистинско решение за феноменалниот фудбалер.

Најмногу „настрадаа“ Нико Вилијамс и Оскар де Маркос, а Винисус едноставно ги полуде со своите потези.

Тој е навистина неверојатен фудбалер и Реал има вистински фудбалски ѕвер во своите редови

Уште од легендарниот Роналдињо и неговата магија во дресот на Барселона, еден фудбалер на секој натпревар на ваков начин не ги понижувал противниците.

Младиот крилен напаѓач оваа сезона е феноменален. Тој одигра 19 натпревари и постигна 11 гола и седум асистенции.