Connect with us

Фудбал

Ибрахимовиќ: Му се јавив на Ал Келаифи, му реков да се вратам во ПСЖ и да го средам тимот, тој се изнасмеа и ми рече…

Златан Ибрахимовиќ летово го продолжи договорот со Милан, но во нова книга „Адреналин“, откри дека дури размислувал да го напушти „Сан Сиро“ и да се врати во ПСЖ.

Ибрахимовиќ призна дека пред почетокот на оваа сезона стапил во контакт со претседателот на францускиот клуб Насер Ал-Келафи и дека му понудил да се врати во Париз, но не како фудбалер.

„Ова лето му се понудив на ПСЖ да бидам спортски директор. Му се јавив на Насер и му предложив да дојдам во ПСЖ и да го средам неговиот тим, доколку не го продолжам договорот со Милан. Тој се насмеа на тоа, но не ми кажа не“, напиша Златан во книгата „Адреналин“.

Ибрахимовиќ помина четири години во ПСЖ и остави длабока трага. Одигра 180 натпревари и постигна дури 156 гола, а запиша уште 61 асистенција.