Connect with us

Фудбал

Евертон вечерва го пречекува Арсенал, а во 27-ма минута ќе се случи нешто што ретко се гледа?!

Евертон вечерва со почеток во 21 часот го пречекува Арсенал, во последниот меч од 15.коло од Премиер лиата.

Но, на овој меч според најавите на англиските медиуми, ќе се случи нешто невидено досега. Наводно навивачите на Евертон, ќе заминат од „Гудисон Парк“ во 27-та минута.

Тие на овој начин сакаат да му испратат порака на сопственикот Фархад Мошири кој е на чело на клубот од 2018 година, но се чини дека се тргнало во погрешна насока и покрај некои поголеми трошоци во изминатите две сезони.

Марсел Брендс, поранешен директор, го напушти Евертон во неделата. Под негово водство Евертон за три години потпиша со 26 играчи, а се верува дека за тоа се потрошени околу 300 милиони фунти.

Евертон има респектабилен тим со неколку големи ѕвезди, но во моментов е на 16-то место со само четири победи оваа сезона.