Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Конечно, Лионел Меси два, Мбапе два

ПСЖ славеше со убедливи 4:1 против Клуб Бриж во последното коло од групната фаза. Од истата група Манчестер Сити загуби од Лајпциг со 2:1, но сепак ова не промени ништо во однос на табелата. Сити како прв, а ПСЖ како втор продолжуваат во осминафиналето, Лајпциг ќе игра Лига Европа, а Клуб Бриж тука ги завршува натпреварите на европската сцена.

По осум минути игра ПСЖ водеше со 2:0 против Бриж, стрелец на двата гола беше Килијан Мбапе. Кога тој застана на сцена стапи Лионел Меси. Најнапред во 38-ма минута на асистенција на Мбапе зголеми на 3:0, а во 76-та ги постави конечните 4:1. Претходно Риц го постигна почесниот погодок за гостите.

ПСЖ – КЛУБ БРИЖ 4:1

 

ЛАЈПЦИГ – МАНЧЕСТЕР СИТИ 2:1