Фудбал
ВИДЕО: Дечкото кој има повеќе настапи во ЛШ отколку во Премиер лигата го „испрати по бурек“ Ибрахимовиќ
Милан загуби со 2:1 на домашен терен од Ливерпул и групната фаза од ЛШ ја заврши на последното место во групата. Иако синоќа водеше, сепак до крајот прими два гола, па Ливерпул со пресврт славеше.
Но, на социјалните мрежи хит на вечерта е потегот Натаниел Филипс. 24 годишниот фудбалер сезонава има два настапи во ЛШ за Ливерпул, а во Премиер лигата ниту еден, и беше доста добар. Неговиот потег, кога го „прати по бурек“ Ибрахимовиќ, но и Кеси, и тоа во сопствениот шеснаесетник е хит на социјалните мрежи.
Nat Phillips owns the San Siropic.twitter.com/7qE7XRXRAd
— The Anfield Wrap (@TheAnfieldWrap) December 7, 2021