Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Два инциденти во Чаир, два пати прекинат мечот Шкупи-Шкендија, полиција ги следеше гостите до соблекувалните

Два инциденти и два пати прекин на мечот го одбележаа дуелот на Чаир, помеѓи Шкупи и Шкендија. На крајот сепак, мечот беше завршен со 1:1.

Првиот прекин дојде како последица на пуштање пиротехнички средства, поради што стадионот се наполни со чад. Вториот прекин дојде од фрлање тврд предмет на теремот, лименки и  пластични шишиња.

Потоа интервенираше полицијата кои при напуштањето на теренот, ги спроведе фудбалерите на Шкендија до соблекувалните.

Мечот заврши 1:1, Шкупи е лидер со 39 бодови, Шкендија трета со 31.