Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Џерард нема по добро да го памети враќањето на „Енфилд“, „пеналијада“ во Лондон

Стивен Џерард нема по добро да го памети враќањето на „Енфилд“. Неговиот тим Астон Вила загуби со 1:0 од Ливерпул, со голот на Салах во 67-та минута, но лошото е тоа што фудбалерите на Астон Вила речиси и да не го видоа голот на противникот, односно немаа ниту една сериозна шанса.

Арсенал продолжи со добрите партии, па на „Емирати“ го совлада Саутемптон со сигурни 3:0. Лаказет во 21 минута погоди за 1:0, а шест минути подоцна Одегард зголеми на 2:0. Кочените 3:0 ги постави Габриел во 62.минута.

Челзи во последната минута дојде до победа против Лидс од 3:2 и тоа головите ги постигна од пенали. Рафиња ги доведе гостите во водство во 28-ма минута од пенал, а до крајот на првиот дел Маунт успеа да израмни на 1:1. Челзи прави пресврт во 58-ма минута преку Жоржињо од пенал, а во 82-та минута Гелхарт израмнува на 2:2, една минута откако на теренот влезе на местото на Рафиња. Но, во судиското продолжение нов пенал за Челзи и нов гол, повторно Жоржињо.

Премиер лига 16.коло

Манчестер Сити – Вулверхемптон 1:0

Ливерпул – Астон Вила 1:0

Арсенал – Саутемптон 3:0

Челзи – Лидс 3:2

Норич – Манчестер Јунајтед (18:30)