Connect with us

Фудбал

Каталонски медиуми тврдат: Само тројца играчи не се на трансфер листа во Барселона, еве кои се тие

Шпанските медиуми речиси секојдневно објавуваат кој би можел да дојде во Барселона. Се споменуваат Феран Торес, Аспиликуета, Дани Олмо и Единсон Кавани.

Едно е сигурно, на Ноу Камп ќе пристигне засилување, прашање е само кои ќе бидат играчите. Но, за да се подмират сметките ќе биде потребно да се направат неколку продажби.

Каталонската ТВ3 објави дека практично сите играчи на Барселона се на трансфер листата, исклучок се тројца.

Чави реши да ги прогласи Ансу Фати, Гави и Нико Гонзалес за „недопирливи“. Три производи на познатата Ла Масија кои треба да ја претставуваат иднината на клубот.

Изненадувачки, Чави не го искористи „ветото“ за евентуалната продажба на Педри, што е апсолутно откритие на годината, но повредите неодамна го спречија да напредува понатаму.

Френки де Јонг, Дест и Марк Андре Тер Штеген се дел од играчите кои Барселона со големо задоволство би ги продала за да заработи, што претходните денови го најавуваа медиумите блиски до клубот.

Како што сега стојат работите, зимата ќе биде многу „жешка“ на брегот на Каталонија.