Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Играч на Манчестер Јунајтед почна да се гуши, сите се сетија на Ериксен и Агуеро

На натпреварот од 16. коло на Премиер лигата меѓу Норич Сити и Манчестер Јунајтед, дефанзивецот на „црвените ѓаволи“, Виктор Линделоф во еден момент застана и се пожали на гушење, што секако веднаш ги вклучи сите аларми.

Во тој момент никој не можеше да не се сети на колабирањето на Кристијан Ериксен на мечот меѓу Данска и Финска на последното ЕУРО и на Серхио Агуеро, поради што Аргентинецот мораше порано да се пензионира.

Линделоф веднаш го напушти натпреварот, а се уште нема информации во каква здравствена состојба е тој.
Голманот на англискиот тим и неговиот соиграч Давид Де Хеа е крајно загрижен за него.

„Штом дише тешко и се чувствува чудно, играта и фудбалот престануваат да бидат важни. Животот е важен. Ги видовме Ериксен и Агуеро. Тешко е да се гледаат соиграчите во таква ситуација. Се надевам дека ќе биде добро“, – рече чуварот на шпанската мрежа.