Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Аршавин го извлече Манчестер Јунајтед, но го поправија-Не, тоа не е можно!

Попладнево беа извлечени паровите за осминафиналето за ЛШ. Но, се случи еден интересен момент, ретко видена грешка. Имено, поранешниот фудбалер на Арсенал и руската репрезентација, Андреј Аршавин за противник на Виљареал го извлече Манчестер Јунајтед. Сепак, веднаш потоа беше поправен, односно му беше укажано дека тоа не е можно бидејќи Манчестер Јунајтед и Виљареал беа во иста група, па според правилата не можат да играат во осминафиналето меѓусебно.

Аршавин повторно влечеше друго топче, но се чини дека судбината за Виљареал беше да патува во Манчестер, но сега во „синиот дел“ бидејќи ќе игра против Сити.

Но, УЕФА направи сериозен кикс. Атлетико Мадрид требаше да го добие противникот со кој ќе се комплетираше третиот осминафинален пар во Лигата на шампионите.
Џорџо Маркети на својот помошник му рече дека Атлетико Мадрид не може да се падне со Ливерпул кој е од неговата група и со Манчестер јунајтед кој веќе е извлечен.
Но, не беше така, Манчестер јунајтед не беше извлечен во тој момент, па мораше да биде опција за Атлетико Мадрид.
Помошникот по инструкциите од Маркети, не зема топче од садот на Манчестер јунајтед и ја елиминира можноста англискиот клуб да го добие Атлетико Мадрид.