Connect with us

Фудбал

Елиф Елмас и Наполи против Барселона во нокаут фазата од Лига Европа

Наполи и Елиф Елмас ќе играат против Барселона во нокаут фазата од Лига Европа. Паровите беа извлечени попладнево во Нион. Динамо Загреб, за кој настапуваат двајца наши интернационалци Аријан Адеми и Стефан Ристовски ќе играат против Севиља. Додека Шериф Тираспол, кој како третопласирана екипа во групната фаза од ЛШ испадна, а натпреварите ги продолжува во ЛЕ, со нашиот Николов во осминафиналето ќе игра против португалскиот тим Брага.