Connect with us

Фудбал

АС тврди дека Мбапе се договорил со Реал Мадрид, но дали роденденскиот подарок кажува нешто друго?!

Мадридски АС тврди дека Килијан Мбапе веќе има личен договор, усмен, со Реал Мадрид и дека наскоро ќе се пресели во овој тим. Не е тајна дека „Кралевите“ го посакуваат во своите редови, неговиот договор истекува за шест месеци, па по први јануари може да преговара со кого сака, а по завршувањето на сезоната да замине без обесштетување.

ПСЖ постојано се обидува да го продолжи договорот со еден од своите најдобри фудбалери. Но, сепак знак дека тоа е готова работа нема. Напротив, се поголеми се шпекулациите дека тој заминува.

Но, интересен детаљ открија француските медиуми. Имено, Мбапе вчера го прослави  својот 23. роденден. Францускиот играч од соиграчите во парискиот клуб, на гала вечерта доби подарок дрес со бројот 2050. На тој начин тие го навестија продолжувањето на договорот на Мбапе. Претходно спортскиот директор на ПСЖ Леонардо изјави дека би сакал Мбапе целиот свој живот да го помине во париски клуб.   Оваа сезона Мбапе на 23 натпревари постигна 13 гола и забележа 14 асистенции. Минатите две години Французинот постојано се поврзуваше со други клубови, а во еден период тој самиот им соопшти на претпоставените дека сака да замине во Реал Мадрид.