Фудбал
Угледната Газета дело Спорт пишува: Спалети од Елиф Елмас го создава новиот Хамшик
По неколкуде добри партии во Наполи, пред се последната против Милан каде беше стрелец на единствениот гол со кој неговиот тим победи во дербито со 1:0, Елиф Елмас е во центарот на вниманието на медиумите во Италија.
Угледната „Газета дело Спорт“ го опиша како новиот Марек Хамшик.
-Тој играше на сите 24 натпревари до овој момент. На 12 беше стартер, на 12 влезе како резерва. На Спалети му се допаѓа чувството за гол кој го има Елмас. Одлично се снаоѓа во средниот ред, Спалети со него полека го креира новиот Хамшик. Македонецот го игра секој натпревар, остава трага и стана вториот најдобар стрелец зад Осимех. Неговите голови се распределени на следниот начин: Два со глава, два со десна нога и два со лева. Тоа е демонстранција колку добро се снаоѓа во различни ситуации“, пишува „Газета“.