Connect with us

Фудбал

Од идол, до предавник, Кутињо прави изненадувачки трансфер

Филипе Кутињо, кој веројатно е најголемиот неуспех на Барселона во историјата, во јануари ќе го напушти Ноу Камп.

Откако пристигна во јануари 2018 година за 135 милиони евра, Бразилецот имаше голем број на можности, но ниту една не искористи на вистински начин.

Кутињо во Барселона заработува 22 милиони евра, премногу за играч кој не е стартер, па Каталонците бараат начин да се ослободат од него во јануари.

Откако стана најбогатиот клуб во светот, почна да се споменува и преселбата во Њукасл. Нема да има ништо од тоа, но не значи дека нема да се врати во Премиерлигата.

Мундо Депортиво во средата објави дека офанзивецот ќе стане нов играч на Евертон и со тоа ќе стане голем предавник, со оглед на тоа дека беше идоло на навивачите кога играше за Ливерпул.