Фудбал
Дојде во клубот како големо засилување, Куман го уништи, сега почнува од почеток, од 10-та лига
Холандскиот фудбалски стратег Роналд Куман му направи пекол во кариерата на сенегалскиот напаѓач Оумар Ниасе. 31-годишниот напаѓач пристигна во Евертон во 2016 година како големо засилување. Тој беше платен 13,5 милиони фунти од московски Локомотив, но не се снајде најдобро на „Гудисон парк“. Вина во ова има и Куман, кој тогаш беше тренер, а без да ги види квалитетите на играчот му порачал дека не го сака во тимот.
Сенегалецот одигра само 35 натпревари со осум постигнати гола. Неколку месеци беше без клуб. Потоа потпиша за Хадерсфилд во Чемпионшип, но веднаш беше отпишан поради повреда. Ниасе моментално е без клуб. Формата ја одржува тренирајќи со екипа од 10-та англиска лига наречена Вест Дидсбери.
31-годишниот напаѓач се уште се надева дека ќе ја оживее кариерата, но навистина е тешко да се очекува да успее, бидејќи нема голем интерес од клубовите за него.
Ниасе и Куман – брутално понижување
Иако во клубот пристигна како засилување, Роналд Куман веднаш го отпиша. Овој фудбалер лани си ја отвори душата и раскажа што му се случило.
-Не барав никакво објаснување бидејќи тоа беа негови одлуки. Тој ми рече: Не те сакам, мислам дека не си доволно добар за Евертон и подобро најди клуб. Му реков: „Во ред , благодарам. Не ме сакаш, не ми пречи.“ „Се обидов да најдам нов клуб, но немаше добра понуда. Не сакав повторно да одам во Турција или Русија, сакав да останам во Премиер лигата. Решив да останам и тој реши целосно да ме извади од тимот, изјави Ниасе.
„Тој ја исфрли мојата опрема од соблекувалната на првиот тим. Ме испрати во младинскиот тим, а таму немав ниту шкафче. Ми беше многу тешко. Дури и мојот број го даде на друг играч. Тој ми пријде и ми рече: Не јадеш повеќе со нас туку со млад тим. Покрај ова се случуваше многу.