Фудбал
Каква „бомба“ од Каталонија: Барселона го сака македонскиот голман (ВИДЕО)
Барселона во своите редови го посакува македонскиот голман Столе Димитриевски. Тој практично би бил замена за Нето, кој е на излезната врата, а секако прва опција за голот и натаму би бил Андре Тер Штеген. Ова го објави популарната фудбалска емисија во Шпанија „Ел Чирингито“, каде се потенцира дека каталонскиот тим размислува да испрати официјална понуда до Рајо Валјекано, тимот во кој настапува нашиот Димитриевски.
Наводно уште оваа зима Барселона ќе се обиде да го купи голманот на македонската репрезентација. Вреди да се напомене дека Димитриевски на голот на Рајо Валјекано има добри настапи, па во моментов статистиката е на негова страна, бидејќи е во друштво со голманите кои имаат најдобар учинок сезонава во Примера.
Димитриевски од Работнички направи трансфер во Гранада во 2012-та, а таму остана до 2016-та година. Потоа бранеше за Кадиз, Химнастик и сега Рајо Валјекано.
?EXCLUSIVA de @10JoseAlvarez ?
?"El BARÇA quiere FICHAR a DIMITRIEVSKI en enero"
‼️"Él está ahora en BARCELONA" #ChiringuitoBarcelona pic.twitter.com/f519lSQSPU
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) December 24, 2021