Фудбал
Турски клуб заинтересиран за најдобриот стрелец во македонската лига
Турските медиуми објавија вест дека екипата на Маниса е заинтересирана за услугите на Мартин Мирчевски од редовите на Академија Пандев. Според турските медиуми, преговорите помеѓу Маниса, која е член на втората турска лига и клубот од Струмица и самиот играч, се завршени, па се очекува соработката да биде официјализирана за неколку дена.
Инаку, Мартин Мирчевски игра во одлична форма. Тој во моментов со 16 голови е најдобар стрелец во Македонската прва фудбалска лига. Мирчевски играше за Пелистер, Победа, Беласица, Трепча, Вардар и сега во Академија Пандев.