Connect with us

Фудбал

Прво заминување од ПСЖ (ФОТО)

Според информациите на спортскиот новинар Фабрицио Романо, ПСЖ го испратил Рафиња на позајмица во Шпанија, а 28-годишниот фудбалер ќе премине во редовите на Реал Сосиедад.

Рафиња до крајот на сезоната ќе настапува за тимот од Сан Себастијан како позајмен играч, а во договорот нема опција за откуп.

28-годишниот фудбалер утре ќе ги мине лекарските прегледи и ќе потпише договор за соработка со баскискиот тим.

Рафиња е член на ПСЖ од 2020 година, за кој одигра вкупно 39 натпревари, но никогаш не беше во прв план со Маурицио Покетино.

Како и неговиот постар брат Тијаго, кариерата ја започна во Барселона, а покрај за каталонскиот гигант и ПСЖ, настапуваше и за Селта и Интер.