Connect with us

Фудбал

Лече, Парма, Кротоне и Монца се борат за потписот на Македонецот

Италијанските медиуми пишуваат дека неколку тимови од Серија Б се заинтересирани за македонскиот напаѓач од редовите на Удинезе, Илија Несторовски. Последен тим кој пројавил интерес е Лече, а претходно беа Парма, Кротоне и Монца.

Несторовски по подолга пауза поради повреда се врати на теренот, но сепак не добива шанса и голема минутажа во Удинезе, па најверојатно ќе ги смени клупските бои уште во зимскиот преоден рок.