Фудбал
ВИДЕО: Каков меч на Сити и Лестер, водеа со 4:0, па се „тресеа“, на крајот вкупно 9 голови
Манчестер Сити и Лестер одиграа фантастичен меч на кој беа видени дури 9 погодоци. Тимот на Пеп Гвардиола по само 25 минути игра водеа со 4:0. Де Брујн, Марез од пенал, Гундоган и Стерлинг погодија за големо водство. Со овој резултат се замина на пауза.
Во вториот дел се очекуваше потоп на „Лисиците“, но наместо тоа следување „будење“. Од 55-та до 65-та три гола во мрежата на Сити, Медисон, Локман и Ихеначо со нивните погодоци намалија на 4:3. Сепак, Сити не дозволи на Лестер да направи голем кам-бек на мечот. Лапорте во 69-та и Стерлинг во 87-ма погодија за 6:3, резултат со кој заврши овој меч во кој публиката уживаше.
Резултати Премиер лига 19.коло
Манчестер Сити – Лестер 6:3
Норич – Арсенал 0:5
Тотенхем – Кристал Палас 3:0
Вест Хем – Саутемптон 2:3
Асон Вила – Челзи (18:30)
Брајтон – Бренфорд (21:00)
Одложени поради коронавирус се мечевите: Ливерпул-Лидс, Вулверхемптон-Ватфорд и Барнли – Евертон.