Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Првото зимско засилување пристигна на лекарски прегледи во Барселона

Шпанскиот фудбалер Феран Торес кариерата ќе ја продолжи во Барселона. Каталонскиот тим успеа да се договори со Манчестер Сити за 21-годишниот фудбалер, за сума од околу 55 милиони евра. Торес пристина на лекарски прегледи во Барселона, па кога ќе ги помине ќе следи потпишување на договорот. Торес беше голема желба на Чави. Со Барселона треба да потпише договор со 2025-та година. Потекнува од школото на Валенсија, а минатото лето за 28 милиони евра се пресели во Сити.