Connect with us

Фудбал

Најлошата инвестиција на Барселона, на чекор до Арсенал?!

Најголемото промашување на Барселона, во последните неколку сезони, според многумина, Бразилецот Кутињо е на чекор до Арсенал. Според медиумите, Агентите на Фелипе Кутињо се во Лондон и се обидуваат да ја завршат зделката со „топчиите“.

Кутињо никако да се снајде во Барселона. Откако дојде од Ливерпул за 135 милиони евра во 2018-та никогаш не ги оправда очекувањата. Потоа беше позајмен на Баерн Минхен, но германскиот тим не сакаше да го откупи. Се врати во Барса, но повторно под своите можности. Кутињо има огромна плата од 14 милиони евра, а тоа е премногу за играч кој не игра редовно. Поради тоа Барселона очајно сака да го продаде, а и самиот Кутињо сака да замине со цел да се врати во форма и да се обиде да игра на СП во Катар за Бразил.