Connect with us

Фудбал

На Ибрахимовиќ ова нема да му се допадне, симнат е од тронот, прогласен најдобриот играч на Шведска

Играчот од средниот ред на Лајпциг, Емил Форсберг е прогласен за најдобар играч на Шведска за 2021 година, според изборот на локалната федерација.

Форсберг за прв пат во кариерата ја понесе престижната награда, симнувајќи го од тронот Златан Ибрахимовиќ, кој минатата година беше најдобар по рекорден 12-ти пат.

„Ова признание ми значи се. Колку што можам да добијам од мојот народ. Тоа е показател дека зад мене е фантастична година и дека бев навистина добар во текот на неа. Наградата ме прави многу горд“, изјави 30-годишникот од Сундсвал.