Фудбал
Хаос во Барселона, Чави остана само со 9 фудбалери и 3 голмани!
Покрај слабите резултати оваа сезона, легендата на Барселона, Чави има ново проблеми. Имено, коронавирусот направи проблем во екипата, па според каталонските медиуми останал само со 9 фудбалери и 3 голмани. Ова значи дека не може да состави ниту тим од 11 фудбалери
Играчите кои се на располагање на Чави во овој момент се: Тер Штеген, Нето, Инаки Пења, Дест, Пике, Араухо, Мингуеза, Ерик Гарсија, Рики Пуиг, Кутињо, Френки Де Јонг и Лук Де Јонг.
Барселона својот следен натпревар треба да го игра на 2. јануари против Мајорка, а Чави ќе има големи проблеми за овој натпревар да го состави тимот.