Connect with us

Фудбал

По Барселона, хаотична состојба и во Реал Мадрид

Откако шпанските медиуми објавија дека тренерот на Барселона, Чави останал само со 9 играчи и тројца голмани, поради позитивни тестови на коронавирус, од Шпанија доаѓа информација дека состојбата станува хаотична и во Реал Мадрид.

Позитивни на коронавирусот се Тибо Куртоа, Федерико Валверде, Едуардо Камавинга и Винисиус Жуниор, а тие се заразиле за време на празниците и на нив тренерот Карло Анчелоти нема да може да смета на мечот против Хетафе, но и против Алкојано во Купот.

Протоколот кој на почетокот го објави Ла Лига е дека заразените фудбалери мора да бидат 10 дена во карантин пред да се вратат на фудбалските терени, ако добијат негативен тест.

Претходно беше соопштено дека и во тимот на Рајо Валјекано за кој настапува нашиот Столе Димитриевски, повеќе од половината играчи биле позитивни на ковид 19.