Фудбал
Тухел разочаран од она што го кажал Лукаку: Избра лош момент, навистина не го разбирам!
Лукаку имаше две фантастични сезони во Интер, но кога летово пристигна понудата на Челзи, тој реши уште еднаш да се врати на Стемфорд Бриџ.
Од друга страна, не му оди како што очекуваше во лондонскиот клуб, а вчера предизвика големо внимание поради изјавата дека не е многу задоволен од неговата ситуација во Челзи и системот кој го претпочита тренерот Томас Тухел. .
-Физички се чувствувам добро, но не сум задоволен од ситуацијата во Челзи. Тухел одлучи да игра со друг систем, но нема да се откажам бидејќи сум професионалец, изјави Лукаку.
Тој го допре и Интер и многумина чувствуваат дека Белгиецот сега жали што си заминал од Меаца.
-Сега е вистинско време да ги изразам моите чувства. Отсекогаш сум велел дека Интер е во моето срце. Знам дека ќе се вратам таму, навистина се надевам. Стуацијата не требаше да се развива вака. Зборувам за начинот на кој јас го напуштив клубот и како јас самиот се однесував со навивачите, изјави Лукаку, додавајќи.
-Јас сум заљубен во Италија, ова е вистинско време да ја кажам вистината. Сакам да им се извинам на навивачите на Интер бидејќи она што го направија за мене секогаш ќе ми остане во срцето. Навистина се надевам дека ќе се вратам,не на крајот од кариерата, туку додека сè уште сум на врвот“.
Неговите изјави по се изгледа не ги „воодушевија“ челниците на Челзи, но ниту тренерот Тухел кој изјави дека Лукаку одбрал лош момент.
-Искрено, не ми се допаѓа што го кажува сето ова бидејќи прави непотребна врева во соблекувалната што сега не ни треба и сигурно нема да ни помогне. Разговарав со Лукаку отворено и изненаден сум што го стори тоа. Ќе разговараме со него да видиме што се случува, истакна Тухел.