Connect with us

Фудбал

Поранешниот претседател на ФФМ се врати на фудбалот, стана тренер на Брегалница

ФК Брегалница од Штип пред стартот на зимските подготовки за пролетниот дел од шампионатот постигна договор за спогодбена разделба со досегашниот шеф на стручниот штаб, Марјан Секуловски.

Разделбата е на барање на Секуловски, поради лични причини, и покрај искрената желба од двете страни за продолжување на досегашната повеќе од успешна соработка.

Веднаш беше промовиран нов шеф на стручниот штаб на клубот, еден од најтрофејните македонски фудбалски стратези и поранешен претседател на Фудбалската Федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски.

Ѓорѓиоски во својата тренерска кариера има три шампионски титули во македонското првенство, со Македонија ЃП и со Вардар, а успешно ја предводеше и ФФМ, информираат од ФК Брегалница.