Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Елиф Елмас сепак е во составот, Наполи води против Јувентус

Вистински хаос од информации имаше денеска од Италија. Имено, македонскиот репрезентативец Елиф Елмас пред два дена доби негативен тест откако по втор пат беше позитивен на коронавирус.

Но, италијанските медиуми денеска, пред се „Спортиталија“ објавија вест дека по повторното тестирање во хотелот, неколку часа пред пресметката со Јувентус, Елмас и еден член на стручниот штаб добиле позитивни тестови.


Сепак, се испостави дека тестот на нашиот фудбалер е лажно позитивен, па тој вечерва е во составот на Наполи, односно на клупата за дербито со Јувентус.

На овој меч по првите 45 минути Наполи води со голот на Дрес Мертенс.