Фудбал
Арсенал в недела со бели дресови, прв пат и последен пат, но која е причината?!
Фудбалерите на Арсенал в недела ќе го одиграат натпреварот од третото коло од ФА Купот против некогаш познатиот Нотингем Форест.
Арсенал се „издигна“ по серијата лоши резултати, а на овој меч ќе игра во специјални дресови.
Имено, Топџиите за прв и последен пат ќе настапат во целосни бели дресови.
Со ова ќе се поддржи кампањата „Нема црвено“, која се однесува на крајот на крвавите улични конфликти во главниот град на Англија, кои се во пораст во последните години.
Многу познати личности се приклучија на кампањата, а сите се надеваат на најдобар исход од кампањата.
Дресовите по натпреварот нема да бидат на продажба, туку поделени на организациите кои работат во кампањата.