Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Прекрасна асистенција на Енис Барди, Леванте стигна до прва победа во оваа сезона и тоа по 20 одиграни кола

Македонскиот репрезентативец Енис Барди и неговиот тим Леванте конечно ја забележаа првата победа во оваа сезона и тоа по 20 одиграни кола. Попладнево со 2:0 славеа против тимот на Мајорка. Стрелци на головите беа Солдадо и Моралес, а македонскиот интернационалец беше асистент при привиот гол. Тој во игра беше до 85-та минута.

Покрај победата Леванте е на последното место на табелата со само 11 бодови. Учинокот е една победа, осум нерешени средби и 11 порази.