Фудбал
Каде завршува логиката, почнува Италија, во Сериja А можете да се заразите со коронавирус, во Суперкупот НЕ!?
Многу спортисти се заразени, гужвата околу вакцините не се смирува, па го следиме случајот со Новак Ѓоковиќ во Австралија, а што се однесува до фудбалот, се чини дека најмногу се погодени Англија и Италија.
Многу натпревари се одложени, Ливерпул ја прекина работата поради заразени играчи и персонал, а претходно тоа беше случај и со Манчестер Јунајтед.
Во четврток во Италија беше планирано да се одиграат десет натпревари од 20. коло на Серија А, но се играа само шест, со оглед на тоа што поради коронавирус откажани се натпреварите Болоња – Интер, Аталанта – Торино, Салернитана – Венеција и Фиорентина – Удинезе. .
Организациониот одбор на Серија А донесе одлука само 5.000 гледачи да можат да влезат на стадионот на натпреварите од 22. и 23. коло, додека такви ограничувања нема за 21. коло кое почнува утре.
Она што е уште поинтересно е што остана на сила одлуката дека на натпреварот од Суперкупот што ќе се одигра за четири дена на стадионот „Џузепе Меаца“ во Милано меѓу Интер и Јувентус, може да присуствуваат 50 отсто од капацитетот на стадионот, што е околу 40.000 луѓе.
Значи, 40.000 во Суперкупот, 5.000 во лигата. Интересно …